Утрински Весник
Свет

Нови руски напади со дронови врз Украина

Ukraina.webp.webp

Најмалку едно лице загина, а 12 се повредени во најновите руски напади со дронови врз Украина, соопштија денеска регионалните власти.

Еден 51-годишен маж починал од повредите во источниот регион Дњепропетровск, каде што беа ранети уште пет лица, вклучувајќи 13-годишно девојче и 14-годишно момче, соопштија властите.

Во североисточниот регион Суми, повеќекатна станбена зграда беше погодена во напад со дрон, при што беа повредени седум цивили, соопштија официјални лица, пренесе ДПА.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Лондон треба да се сретне со европските сојузници во Лондон за да разговара за предлогот на САД за ставање крај на војната што Русија ја почна во февруари 2022 година.

Разговорите во моментов се водат главно меѓу украински и американски претставници, од една страна, и меѓу САД и Русија, од друга страна, без директно европско учество.

Можете да прочитате

Трамп: Путин му помага на Иран, а ние ѝ помагаме на Украина 

Унгарија нема да подлегне на притисокот од Украина за купување поскапа нафта

Мајка и тројца синови се во притвор поради експлозијата во американската амбасада во Норвешка