Утрински Весник
Свет

Нови пукотници кај Белград: Седум лица ранети, меѓу кои и деца – пукањето било во училишен двор

Нови пукотници кај Белград: Седум лица ранети, меѓу кои и деца – пукањето било во училишен двор
Dik 300x250 mk

Неколку лица се ранети во пукотницата што се случила вечерва во селото Дубона, кај Младеновац во близина на Белград, јавуваат српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Пукањето започнало во училишниот двор кога маж вооружен со автоматска пушка отворил оган и пукал.

Меѓу тешко повредените има и полицаец, а повредени се и деца.

„Како што дознаваме, напаѓачот се уште е вооружен и пука во Младеновац. Тој побегнал кон Бегаљичка брдо, а полицијата е по него“, пишуваат српските медиуми.

Екипи на Брза помош и полиција се на местото на инцидентот.

Српски „Информер“ пишува дека се ранети седум лица, а „Телеграф“ неофицијално дознава дека се повредени и деца.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил