Утрински Весник
Свет

Нови правила за патување во ЕУ

Eu 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од 2026 година, за државјаните ослободени од виза ќе биде задолжително да обезбедат патна дозвола преку новиот систем ETIAS за влез во земјите на Европската Унија. Овој систем следи по постепената имплементација на системот за влез и излез (EES), кој започна во октомври 2025 година и се очекува да биде целосно активен на сите гранични премини до 10 април 2026 година. ETIAS, што значи Европски систем за авторизација за патување, ќе биде поврзан со пасошот на патникот и ќе важи до три години или до истекот на пасошот, во зависност кој период ќе настапи прв. Доколку се издаде нов пасош, ќе биде потребно да се добие и нова дозвола за ETIAS.

Издавањето на дозволата ќе чини 20 евра, но таксата нема да се наплаќа додека системот официјално не почне да функционира, што е предвидено за последниот квартал на 2026 година. Сепак, поседувањето ETIAS не гарантира автоматски влез во ЕУ при пристигнувањето, граничниот службеник ќе го провери пасошот и другите документи и ќе утврди дали патникот ги исполнува условите за влез. Апликацијата за ETIAS најверојатно ќе се пополнува преку официјалната веб-страница или преку мобилната апликација ETIAS. За време на целиот престој во европските земји каде што е потребна оваа дозвола, патникот мора да има важечка ETIAS авторизација. Некои патници можат да бидат ослободени од таксата, но за повеќето лицата ќе важи плаќање од 20 евра.

Можете да прочитате

Четворица повредени од пожарот во Кран-Монтана префрлени на лекување во Германија

Иран: Мешањето на САД во протестите ќе предизвика хаос

Грција подготвена да прими повредени од пожарот во Кран-Монтана