Утрински Весник
Свет

Нови напади во Запорожје, сирени ширум Украина

Нови напади во Запорожје, сирени ширум Украина

Во текот на ноќта се извршени нови ракетни напади врз Запорожје, објави гувернерот на тамошната област Олександр Старук.

dobivaj vesti na viber

Околу градот Бахмут, во Донбас, се водат жестоки борби. Руските сили напредуваат кон центарот на градот. Цивилите се евакуираат во областа Херсон поради украинската контраофанзива. Киев негира дека цели на цивили, јавуваат светските медиуми.

Украинската војска соопшти дека уништила значителна количина руско оружје во нападот на железничкиот центар во источниот регион Луганск.

Тие наведуваат дека руските сили претрпеле значителни загуби во Херсон, Запорожје и Доњецк.

Ги обвинуваат руските трупи за гранатирање на градот Запорожје и додаваат дека украинските сили за еден месец ослободиле повеќе од 600 населби, од кои 75 се во стратешката област Херсон.

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека засега нема да има нови масовни напади врз Украина. Тој вели дека целта на Русија не е да ја уништи Украина и дека директен конфликт меѓу НАТО и Русија би довел до глобална катастрофа.

Во Киев, директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, уште еднаш повика на итна демилитаризација на нуклеарната централа Запорожје. Од друга страна, градоначалникот Александар Волга вели дека нуклеарната централа во Запорожје, која се наоѓа во областа Енергодар, почнала да работи според руски стандарди.

САД најавуваат санкции против сите оние кои воено соработуваат со Москва.

Можете да прочитате

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би донело катастрофа

Советникот на Трамп за криптовалути ја напушта Белата куќа и се враќа во приватниот сектор

Нетанјаху: Мора да ја довршиме работата, жителите на Газа „молат“ да ги спасиме од Хамас