Утрински Весник
Македонија

Нови линии – од Скопје ќе се лета до Мадрид, Стокхолм, Прага, Бари…

Ohridski Aerodrom 768x512 1.jpg

Отвораме уште пет нови авиолинии, од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Утрово го потпишавме Договорот за петте нови авиолинии кои ќе значат повеќе туристи, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани од Македонија, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. 

Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот: 


“Утрово потпишавме Договор за 5 нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија.

Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм- Скопје. 

Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид- Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари- Скопје, од декември Келн- Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага -Скопје. 

Ова се пет нови авиолинии кои за неколку месеци ќе почнат да оперираат од скопскиот аеродром. Со 11 нови линии кои што веќе ги отворивме и овие 5, веќе зборуваме за 16 нови авиолинии кои ги отворивме за само една година. 

И тоа бројките го покажуваат, само во првата половина од оваа година од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1, 5 милион патници што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % на охридскиот аеродром.

Во следниот период ќе има уште добри вести, најавувам дека ќе има уште нови авиолинии.

Нека се со среќа авиолиниите од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага кои што ќе значат многу повеќе туристи за Македонија, многу повеќе бизниси и повеќе можности за граѓаните на Македонија.

Можете да прочитате

Од Ресен до Скопје – пратеник со 13.200 евра патни трошоци за една година

Избегнувајте го центарот на Скопје затворен е за снимање филм

(Видео) Вечерва полициска акција на кумановската патарина – застој во сообраќајот