Утрински Весник
Македонија

Нови детали за велешката трагедија: Жртвата повеќепати пријавувала насилство

Img 7162.jpeg

Трагедијата во Велес, во која животот го загубија три лица, добива уште постравична димензија откако излегоа информации дека крвавиот настан е кулминација на долга историја на семејно насилство.

Според сознанија на 4NEWS.mk, 31-годишната Р.К., која попладнево беше усмртена од нејзиниот поранешен сопруг, претходно повеќе пати го пријавувала во полиција за семејно насилство. Дополнително, пред извесно време, 39-годишниот И.С. ѝ го запалил автомобилот, што укажува на континуирано и ескалирачко насилство кон неа.


Според официјалното соопштение од МВР, Р.К. била пронајдена со убодни рани на улица и итно пренесена во болница, каде им подлегнала на повредите. Во домот на нејзиниот татко, 68-годишниот К.К., полицијата потоа ги пронашла неговото тело, како и телото на поранешниот сопруг И.С., сите со повреди од остар предмет.

Првичната верзија на истрагата укажува дека поранешниот сопруг ги нападнал и двајцата, а потоа извршил самоубиство. Но, новите сознанија дека жртвата претходно барала заштита од институциите отвораат сериозни прашања за тоа дали системот затаил и дали оваа трагедија можела да биде спречена.

Можете да прочитате

Тошковски: Се уште не можам да откривам кој стои зад пожарите

Анкета: 47% од граѓаните сметаат дека Македонија оди во погрешна насока

ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево