Утрински Весник
Свет

Нови детали од потрагата: Пронајден крвав автомобил при потрагата по малиот Емил кој исчезна додека се играл во селото Вернет на Алпите

Нови детали од потрагата: Пронајден крвав автомобил при потрагата по малиот Емил кој исчезна додека се играл во селото Вернет на Алпите

Француската полиција пронашла траги од крв на автомобил при потрагата по двегодишното момче Емил, кое исчезнало викендов.

dobivaj vesti na viber

Примероците се испратени на анализа, а извор од истрагата вели дека се уште немаат потврда дали се работи за човечка крв.

„Можеби и тоа е стара трага, затоа сите сме претпазливи“, вели изворот.

Двегодишното дете исчезнало попладнето на 18 јули додека си играло во дворот на баба му и дедо му во селото Вернет на Алпите.

„Инспекторите ја разгледуваат и историјата на семејството“, вели еден од изворите.

Иако нема да има физичка потрага по момчето, истрагата за сите собрани докази ќе продолжи, објавија светските медиуми.

Полициската истрага се одвива во сите правци. Се проверува дали момчето било киднапирано, убиено или можеби дури и прегазено во сообраќајот.

„Сите тие теории се уште се отворени, ништо не исклучивме“, рече обвинителот.

Тој потврди и дека во понеделникот полицијата извршила претрес во домот на родителите на Емил, каде што живееле со нивното момче и ќерката кои се родиле на почетокот на оваа година.

„Тие се традиционално семејство, верници. Одат на големи миси, сакаат црковна музика”, рекол извор кој го познава семејството.

Полицијата открила дека во моментот на исчезнувањето на Емил во куќата имало уште десет лица.

„Имаа семејна дружба, имаше чичковци, тетки, луѓе од сите возрасти. Имаше и малолетници. Емил бил виден во саботата наутро, бил со други деца“, рекол извор од истрагата.

Можете да прочитате

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија