Утрински Весник
Македонија

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на интернет

Fzo.webp.webp

Нови четири услуги од Фондот за здравствено осигурување се достапни на националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Три од нив се наменети за физички, а една за правни лица, информираа министерот за дигитална трансофрмација, Стефан Андоновски, и директорот на ФЗО, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата.

За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес, потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа.

Првпат за правните лица овозможена е електронската услуга за издавање потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување, целосно дигитално и достапно во секое време.

Беше нагласено дека станува збор за услуги што директно го поедноставуваат пристапот до важни документи, го намалуваат административниот товар и ги елиминираат непотребното чекање и физичкото присуство на шалтерите.

Дополнително, ФЗО од денес е и технички поврзан со Централниот регистар на населението, што овозможува автоматско преземање релевантни податоци за граѓаните.

Можете да прочитате

Маж насилно турнал дете во багажник на возило во Аеродром, за да каже кој удирал со снежни топки по неговото возило

Кривична пријава за полицајка од Штип, го информирала брат и дека полицијата ќе демне со дронови

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја