Утрински Весник
Македонија

Нови цени на горивата од полноќ: Дизелот поевтинува, бензинот поскапува

Gorivo1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.05.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.05.2025 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,50 ден/лит.


Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.05.2025 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 65,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,592 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.05.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 35,450 ден/кг.

Можете да прочитате

Пронајдени над 9.000 парчиња пиротехнички средства во Гостивар

Паркингот како огледало на системот: Хроничен хаос во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Повторно две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони