Утрински Весник
Економија

Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ

D0bfd0bed181d0bad0b0d0bfd183d0b2d0b0d0b0d182 d0b1d0b5d0bdd0b7d0b8d0bdd0b8d182d0b5 d0b8 d0b4d0b8d0b7d0b5d0bbd0bed182 63cba4ed9481b.jpeg

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 % во однос на одлуката од 27.5.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,467%, кај дизелот за 0,878%, кај екстра лесното масло за 1,614% и кај мазутот зголемувањето е за 2,412%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,056%

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,756 ден/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.6.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

Можете да прочитате

Намален прометот во индустријата во јануари

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи

Земјоделците најавуваат зголемување на цените, МЗШВ ја следи состојбата и ако има потреба, ќе реагира со конкретни мерки