Утрински Весник
Економија

Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ

Се зголемува цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека е донесена Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04% во однос на одлуката од 14.8.2023 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек зголемување кај бензините за 2,556%, кај дизелот има намалување за 2,350%, кај екстра лесното масло намалување за 1,609% и кај мазутот намалувањето е за 1,910%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,34%

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,567 ден/кг и сега ќе изнесува 46,025 ден/кг.

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.8.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Можете да прочитате

Нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток

ОАЕ ги зголеми цените на бензинот и дизел горивото

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми