Утрински Весник
Македонија

Нови 25 случаи на голема кашлица во државава: Епидемија се шири во Скопје, Куманово и Тетово

Img 2128.jpeg

Нови 25 случаи на пертусис, народски кажано голема кашлица, се пријавени во државава од 26 јули до 1 август. Од нив, три се хоспитализирани, наведуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај, објавен попладнево.

– Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје – 13, а пријавени се и 10 случаи од Куманово и по еден случај од Битола и од Тетово. Возраста на заболените се движи од два месеца до 50 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 17 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, петмина се комплетно вакцинирани и тројца се вакцинирани согласно возраст, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Заклучно со 1 август, во државава биле регистрирани вкупно 981 случај на голема кашлица, со инциденца од 53,4/100.000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи.

Дистрибуцијата по пол покажува дека 450 лица се од машки, а 531 од женски пол.

Од вкупниот број заболени – 981, кај 974 лица се регистрирани симптоми, додека болеста кај седуммина е во асимптоматска форма.

Во тек се три епидемии пријавени во ниво на територијата на Скопје, Куманово и на Тетово.

Од 18 јануари до 1 август, дадени се вкупно 62.184 дози вакцина со компонента против голема кашлица.

Можете да прочитате

Полициска контрола во ноќен клуб во Тетово: Приведени осум странски државјанки и две македонски државјанки кои ги забавувале гостите

Средба Муцунски – претставници на ОМД

Пронајдено починато лице во својот дом во Бит Пазар