Утрински Весник
Македонија

Нови 149 подофицери во Армијата, Петровска им порача дека се клучна алка во безбедносниот систем

Нови 149 подофицери во Армијата, Петровска им порача дека се клучна алка во безбедносниот систем

Армијата на Република Северна Македонија од денеска добива нови 149 подофицери, поранешни професионални војници кои во Армијата ги докажаа своите способности професионалност и мотивираност. Армијата во последните две години се зајакна со вкупно 339 подофицери, во четири наврати од по 55, 65, 70 и 149 припадници на Армијата, кои беа избрани од басенот на професионални војници и кои минаа низ двомесечна обука за подофицери.

dobivaj vesti na viber

Министерката Славјанка Петровска на новите подофицери им порача дека тие ја имаат честа да бидат штит на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата држава, да ги чуваат нашите граѓани безбедни и да го одржуваат мирот за сите нас.

„Вие бевте предложени од страна на вашите претпоставени, благодарение на вашите способности и подготвеност, но и поради тоа што тие веруваа во вас и во вашите капацитети дека токму вашиот индивидуален квалитет може дополнително да придонесе за развој на Армиските капацитети. Бидете горди на ова ваше постигнување, но не застанувајте тука. Продолжете со вашата иницијативност и упорност и бидете пример за останатите“, рече министерката и додаде дека подофицерите се оние кои со личен пример ќе им покажат на професионалните војници како се станува вистински професионалец.

Петровска подвлече дека Министерството и Армијата ќе продолжат да работат заедно за уште посилен развој, нова и модерна опрема, подобри услови за работа.

„Ќе продолжиме да работиме и да одговориме на барањата на Генералштабот и ќе направиме сè за Армијата да биде соодветно пополнета, но и истовремено модернизирана согласно стандардите. Наша обврска е да креираме кадар, но услови и современи алатки за работа, и да одговориме на вашите потреби кои дополнително влијаат на јакнењето на мотивацијата“, истакна министерката.

Командантот на Командата за обука и доктрини, полковникот Васко Коколански рече дека денеска Армијата ги зајакна своите капацитети со лидери кои мотивираат, инспирираат и водат. Коколански додаде дека подофицерите преку секојдневните задачи, обуката на единиците, градењето на капацитети и армиските вредности, придонесуваат Армијата да биде почитувана од сојузниците во Алијансата.

Можете да прочитате

ФЗО се враќа на стариот концепт, ќе има само еден директор

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Се бара притвор за едно од лицата кои физички ја нападнале Арсовска – познати сите детали од Обвинителството