Утрински Весник
Македонија

НОВАТА СЕДМИЦА НИ НОСИ МНОГУ СУШНО И ТОПЛО ВРЕМЕ: Постои зголемен ризик од појава на нови шумски пожари, како и нивно ширење

1722756660 Index Crop.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, по краткотрајната и локална дестабилизација на атмосферата која ја имаме овој викенд, во текот на новата седмица продолжува големата суша и топлина во Македонија. Времето ќе биде претежно стабилно, суво, сончево и многу топло со појава на мала до умерена локална облачност. Сепак и покрај ова, во попладневните часови не се исклучува можноста за многу ретка појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во планинските предели.

Повремено ќе засилува и ветер од променлив правец, па токму поради сушното и многу топло време, но и поради ветерот кој се очекува, постои зголемен ризик од појава на нови шумски пожари. Во ваква ситуација, апелираме граѓаните да бидат многу внимателни како се однесуваат со природата.

Што се однесува пак до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи до близу 40 степени. Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 8.

Можете да прочитате

Петрушевски: ЈО да не молчи, да почне постапка и да даде одговор каде требале да завршат 23 милиони евра по километар за пругата со тунел без крај

ВМРО против ДПМНЕ, се избрукаа со пругата кон Бугарија и сега измислуваат приказни за СДСМ

Акциска контрола во тетовско, приведени странски државјани