
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ направи историја на Австралија Опен со победата над Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп во третото коло, станувајќи првиот играч кој достигна 400 победи на грен слем турнирите. На вечната листа зад Ѓоковиќ е швајцарскиот рекет Рожер Федерер со 369 победи, додека третото место го држи Шпанецот Рафаел Надал со 314 победи.
Дополнително, триумфот во Мелбурн имаше и симболично значење за српскиот тенисер, бидејќи тој го изедначи рекордот на Федерер од 102 победи на Австралија Опен. Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со чешкиот тенисер Јакуб Менсик, а натпреварот е закажан за утре наутро по европско време.


