Утрински Весник
Македонија

Нова сообраќајна несреќа во Скопје: Прегазен пешак, возачот избегал

Screenshot 2025 01 31 154354 960x580 1.png
Dik 300x250 mk

Како да не беше доволна страшната сообраќајка што ја потресе Македонија со младата девојка од Неготино, Фросина Кулакова, денеска во Скопје се случи уште една несреќа која лесно можеше да има ист епилог пишува лидер.мк.

Според информациите до кои дојде Лидер.мк и потврдени подоцна од МВР, денеска на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје возило удрило во пешак, а возачот избегал од местото на настанот.


Инцидентот се случи на 31 јануари 2025 година, во 13:54 часот, кога патничко возило „Цитроен“ удрило во машко лице, по што го напуштило местото на несреќата. Повредениот пешак е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за лекарска помош.

Полициски службеници од СВР Скопје преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк, едно лице приведено во Шуто Оризари

Претрес во Тетово, пронајдени дрога и оружје, следува пријава

Излезноста до 9 часот е 2,88%