Утрински Весник
Магазин

Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје

E8ea40e8 4677 4037 85ad c6ba6a778a79.jpeg

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доби нова, современо опремена лабораторија за скулптура во дрво, реализирана со поддршка од Rotary Club Skopje Centar и компанијата Маквелд ДОО.

Новата лабораторија, која е дел од Катедрата за скулптура и трансмедиумски практики, претставува значаен чекор напред во унапредувањето на условите за настава, истражување и креативна работа на студентите. Просторот е опремен со рачни и полустационарни електрични алати кои овозможуваат современ пристап кон обработката на дрво, експериментирање со различни материјали и развивање на оригинални уметнички изрази.


„Вистинскиот напредок се гради заедно – преку заедничка визија за иднината,“ истакна деканката на Факултетот за ликовни уметности, проф. д-р Славица Јанешлиева, нагласувајќи ја важноста од соработката помеѓу академската заедница, граѓанските организации и бизнис секторот во создавањето подобри услови за младите уметници.

На официјалното примопредавање на опремата, атмосферата беше исполнета со ентузијазам и благодарност, одразувајќи го духот на партнерството и поддршката за новите генерации творци.

Факултетот за ликовни уметности им изрази голема благодарност на Rotary Club Skopje Centar и Маквелд ДОО за нивната доверба, визија и посветеност во зајакнувањето на креативниот потенцијал на студентите и во градењето на современ и просперитетен академски амбиент.

Со вакви иницијативи, Факултетот продолжува да ја исполнува својата мисија — да инспирира, едуцира и поддржува нови генерации уметници кои ќе го обликуваат културниот и уметничкиот живот во земјата и пошироко.

Можете да прочитате

Еден знак ќе оживее стар план, друг ќе расчисти нешто што го мачи долго време: Дневен хороскоп (12.11.2025)

Голман не знаел дека мечот е прекинат поради магла, 15 минути сам на теренот!

Погледот на Мис Израел кон Мис Палестина го подели Интернетот (ВИДЕО)