Утрински Весник
Македонија

Нова измама, за лажни повреди на ќерка 70 годишна битолчанка дала 20.000 евра

Policija Mvr2.png

На 03.12.2025 во 10:19 часот во СВР Битола, 70-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра.

Според пријавеното, лицето и се јавило и ја известило дека нејзината ќерка паднала по скали и ја искршило вилицата и ногата и дека требало да и се стават златни шипки.

Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна откако и се јавила нејзината ќерка сфатила дека е измамена.

СВР Биточа презема мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов