Утрински Весник
Спорт

Нова фудбалска реклама со Меси, Роналдињо и Погба е хит

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Останува уште нешто повеќе од еден месец до Светското првенство во Катар, второто Светско првенство во историјата кое се одржува во Азија. Во пресрет на еден од најголемите спортски настани во светот, „Пепси“ сними нова реклама која користи мотиви на „пустински“ улици и типични муслимански пазари какви што ќе можат да ги искусат навивачите кои патуваат на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

Во рекламата се појавуваат три светски суперѕвезди. Заедно со седумкратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси, тука се и Пол Погба од Јувентус и Роналдињо, поранешен играч и еден од најомилените фудбалери во историјата. Рекламата брзо стана вирална, а првите критики се исклучително позитивни.

„Пепси“ успеа да разбуди носталгија со стариот хит на Фетбој Слим, The Rockafeller Skank, кој беше насловна песна во неколку верзии на фудбалската игра на ФИФА.

Во видеото исто така доминираат мотиви кои непогрешливо укажуваат на модерниот фудбал. Емотикони, социјални мрежи, рејтингот од ФИФА, појавувањето на ѕвездите на Тик-ток. Со овие мотиви „Пепси“ сака некако да го спои новиот и стариот фудбал.

 

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари