Утрински Весник
Свет

Нова експлозија одекна во Келн: изгоре кафуле среде ноќ, жителите евакуирани

Image 2024 09 25 121455158.png

Кафулето за кое се вели дека неодамна било отворено во Келн, вечерва, околу 2.45 часот, целосно изгорело. Пред тоа дошло до експлозија во зградата, а жителите пријавиле силен тресок во текот на ноќта.

Набргу потоа кафулето било во пламен, а прозорците биле испукани.

Зградата е евакуирана додека пожарникарите го гаснеле пожарот. Околу еден час подоцна, околу 4 часот наутро, 25 станари можеле да се вратат во своите станови.

Две лица наводно биле полесно повредени, пишува „Билд“.

На терен се голем број полицајци и пожарникари. Засега не е позната заднината на експлозијата, ниту е поврзана со претходните две, кои одекнаа во Келн минатата недела.

Можете да прочитате

„Ќе го нападнеме Иран толку силно што нема да може да се обнови никогаш, ќе има смрт и оган над нив“ – Дали Трамп суптилно се заканува со нуклеарно оружје?

Во Израел повредени над 190 лица по вчерашните ирански напади

Иран: САД нè нападнаа, преговорите повеќе не се опција