Утрински Весник
Македонија

Нова еколошка катастрофа во Крива Река по хаварија во рудникот Тораница

Befunky 2025 9 0 15 53 2 scaled 1.jpg

До редакцијата на Инфомакс пристигна видео направено во близина на село Жидилово на,кое се гледа дека Крива Река повторно е заматена на речиси идентитечен начин како што е случи при еколошката катастрофа пред неколку месеци кога се излеа техничка вода од рудникот Тораница.

Крива Река тече во најголем дел низ градот Крива Паланка, а водата од реката се користи за наводнувањр на огромни земјоделски површини во целиот регион.


Неофицијално причината за заматувањето повторно е хаварија во рудникот Булмак во Тораница.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски последниот пат кога се случи ваква еколошка катастрофа сам зема мостри од водата од Крива Река која согласно тогашните резултати не смееше да се користи за ништо.

Митовски поднесе и кривична пријава против одговорните лица во рудникот која досега се уште не е процесуирана.

Не само што власта не ја процесуираше пријавата туку директорот на Булмак, Тони Тоневски го кандидираше за кандидат за градоначалник на Пробиштип.

Видеото погледнете го со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Насилен упад во „Инфомакс“ нападнати во живо за време на емисија

Томовски најави нов авион, нов саем и жичница до Водно

Зимзоленд работи без дозвола, институциите си ја префрлаат топката!