Утрински Весник
Свет

Нов земјотрес во БиХ, посилен од вчерашниот

Нов земјотрес во БиХ, посилен од вчерашниот

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина, денеска нешто по 16 часот.

dobivaj vesti na viber

Според извештаите на ЕМСЦ, земјотресот бил забележан на 38 километри југозападно од Фоча и 24 километри од Невесиње, на длабочина од два километри.

Граѓаните во ЕМСЦ известуваат дека силно е потресено и подрачјето на Столац и Мостар. Тие на овој сеизмолошки сервер изјавија и дека ова е трет по ред земјотрес во БиХ во последните 57 часа.

За потсетување, земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала и претходно ја погоди БиХ, а истиот беше почувствуван и во Хрватска.

Можете да прочитате

ЕУ се надева на пораз на Орбан

Трамп: ЦИА ми кажа дека врховниот лидер на Иран е геј

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана