Утрински Весник
Македонија

Нов влажен, но овој пат и значително ПОСТУДЕН бран ќе ја зафати Македонија: Ќе донесе обилни врнежи од дожд, снег и ЗНАЧИТЕЛНА снежна покривка!

Zima vo grad 660x330 1.jpg

Нов голем влажен, но овој пат  и значително постуден воздушен бран ќе ја зафати територијата на Македонија во понеделник доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник.

На повеќе места ќе има обилни врнежи од дожд (локално ќе наврнат нови над 30 литри дожд на метар квадратен воден талог). Поради заладувањето и значителниот пад на температурите, на планините над 1200-1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира и снежна покривка.

Значителна снежна покривка очекуваме на планините во западните  и северните предели, како и на североистокот и истокот од Македонија (понекаде и со висина од над 25 сантиметри).  

Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

НАПОМЕНА: Снежната граница локално би можела да се спушти и до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што врнежи од влажен снег би можело да има и на некои повисоки населени места.  Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер, најпрвин од јужен и од југоисточен, а потоа од северен и од северозападен правец (повремено со брзина од над 60 км/час).

Во Скопје и околината исто така со овој влажен бран очекуваме нови пообилни врнежи од дожд,  а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер, најпрвин од југоисточен, а потоа од северен и од северозападен правец.

Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат, особено во вторник кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 4 и 12 степени.

Оваа голема промена на времето која не очекува е поврзана со длабокиот циклонски систем од запад, поточно со центар над Џеновскиот залив и во центарот на истиот ќе има присуство на значително поладен воздух.

Можете да прочитате

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година 

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа

Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира процесот на проширување