Единствениот играч на Челси кој сезонава игра добро на секој натпревар, Тијаго Силва, го очекува долга пауза поради повредата која ја доби минатиот викенд против Тотенхем.
Ветеранот, во лондонското дерби, се повреди во 19.минута. Клубот објави дека ги повредил лигаментите во коленото, но не објави колкава пауза го очекува Бразилецот.
Англиските медиуми шепкулураат дека 38.годишниот фудбалер ќе отсуствува најмалку шест недели.
Челси бележи катастрофални резултати и покрај огромните вложувања. Во 2023 година, Челси победи на само еден натпревар. На табелата во Премиер лигата „сините“ се наоѓаат на 10.место.