Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Нов трошок за граѓаните: Цигарите поскапеа 10 денари

Img 8153.jpeg
300x250 opst2

Од 29 септември цените на цигарите во Македонија се зголемија за околу 10 денари по пакување. Иако дел од потрошувачите сè уште не го чувствуваат целосното поскапување поради залихите со стара цена, производителите најавуваат дека во наредните денови новата цена целосно ќе се пренесе до продажните места.

Зголемувањето се однесува на популарни брендови како Данхил, Лаки Страјк, Пал Мал и Ротман. Важно е да се истакне дека промената не е резултат на зголемување на акцизата или државни даноци, туку е дел од ценовната политика на производителите.


Според пазарните анализи, цените се прилагодуваат на зголемените трошоци за производство и логистика, како и на трендовите во регионот. Пушачите се предупредуваат дека ова е само првиот чекор кон ново покачување, а пакувањата по стара цена што сè уште се достапни, наскоро ќе исчезнат од продажба.

Можете да прочитате

Овие хороскопски знаци остануваат смирени и во најтешки ситуации

Џамбазов доби признание за животно дело на фестивалот во Крива Паланка

Најчестите грешки при подготовка на ајвар