Утрински Весник
Македонија

НОВ ТОПОЛ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите одат до речиси 40 степени

Meteoalarm.mk 56 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во нашата Република Македонија следува подолг период на стабилно, суво и претежно сончево време со значителен пораст на максималните дневни температури на воздухот. Повремено ќе засилува ветер претежно од северен и од североисточен правец.


И во Скопје  и околината следува подолг период на стабилно, суво, значително потопло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветер претежно од северен правец.

Што се однесува до максималните дневни температури на воздухот кои во следниот период како што веќе најавив ќе бележат тенденција на значителен пораст, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени. Во Скопје и околината максималната дневна температура на воздухот за време на овој нов топол бран од Африка ќе се искачува до околу 37 степени.

Пред нас е повторно значително топло време со високи летни температури на воздухот, но сепак, овој топол бран ќе биде со помал интензитет од претходниот, кога имавме навистина екстремно високи температури на воздухот.

Можете да прочитате

Две години условна казна за лекарка од Онкологија поради несовесно лекување

Мега Парк или Мега депонија? – Децата во Ново Село играат врз еколошка бомба

ЦУК: Од вкупно 34 пожари на отворено, два сè уште се активни, а четири се под контрола