Утрински Весник
Македонија

Нов случај на измама во Тетово

Evra.webp.webp

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С.(48) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.

Пријавениот довел во заблуда едно лице и го измамил за сума од 14.460 швајцарски франци. Имено, во 2025 година тој се договорил со лицето да изработи железни материјали за износ од 20.450 швајцарски франци и преку приватна фирма за шпедиција изработените материјали да бидат однесени во Швајцарија кај него.


Откако лицето ја изработило нарачката, изготвил фактура, по што М.С. на жиро сметка исплатил само 5.999 швајцарски франци, додека останатиот дел од 14.460 швајцарски франци не ги исплатил. За останатиот долг, оштетениот во повеќе наврати се обидел да стапи во контакт со пријавениот, но тој бил недостапен.

Можете да прочитате

Перински: Развојни приоритети и нови инвестиции во фокусот на посетата на Гевгелија и Богданци

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими

Маж од Скопје ја нападнал сопругата и малолетната ќерка