Утрински Весник
Свет

Нов случај на групно силување во Австрија – деветмина уапсени

A 2.png

Австриските медиуми денеска пишуваат за уште еден шокантен случај на силување, откако две девојчиња (15 и 16 години) пријавиле дека биле сексуално злоставувани. Засега во овој случај има вкупно деветмина осомничени. Нападот наводно се случил ноќта меѓу 25 и 26 декември минатата година.

Двете девојчиња наводно рекле дека поканиле неколку познаници да се дружат во станот на родителите на 15-годишно момче.Наводно на забавата имало многу алкохол. Најмалку четворица мажи наводно ги нападнале девојчињата и сексуално ги злоставувале.

Како што потврди полицијата, јавното обвинителство води истрага против вкупно осум момчиња и едно девојче на возраст од 15 до 18 години. Станува збор за Турци, Срби и Австријци со миграциско потекло.

Осомничени се за силување или сексуална злоупотреба.

Напаѓачите, наводно, со мобилни телефони го снимиле злосторството врз девојчињата. Медиумите пишуваат за „масовно“ злоставување, за што сведочат и сцените.

Полицијата соопшти дека ги прегледува снимките од мобилните телефони. Сите осомничени се уште се во бегство.

Два слични инциденти неодамна се најдоа на националните наслови. Во Виена, исто така во декември, дванаесетгодишно девојче наводно било силувано во текот на неколку месеци – осомничени се вкупно 17 лица.

Можете да прочитате

Осумгодишно девојче и нејзиниот татко се тешко ранети во престрелка во Лондон

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот