Утрински Весник
Македонија

Нов случај на голема кашлица, епидемијата на територија на град Скопје сè уште во тек

Ijz.jpg

Пријавен е нов случај на голема кашлица во периодот од 28 март до вчера, за еден повеќе од претходниот седмодневен период, кога немаше пријавено случаи, информираат денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Случајот е од Куманово, од возрасната група од 10 до 14 години и невакциниран со вакцина што содржи компонента на пертусис. Случајот не е хоспитализиран, појаснуваат од ИЈЗ.


Во периодот 2024/25 година, заклучно со вчерашниот ден, на територија на државава, регистрирани биле вкупно 1.186 лица заболени од голема кашлица.

Според податоците, највисока инциденца од 265,1/100.000 жители се регистрира во Кратово, во Скопје – 137,2/100.000 и 103,3/100.000 во Куманово.

Од ИЈЗ потсетуваат дека епидемијата на територија на град Скопје е сè уште во тек.

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со раководството на Факултетот за музичка уметност, нагласена важноста на едукативната и педагошката работа

Сообраќајот по наместа влажни коловози, на граничните премини нема подолги задржувања

Поплави и свлечишта во Полошкиот Регион, нормализирана состојбата во Кичево, во Кумановско нема опасност од излевање на реките