Утрински Весник
Свет

Нов силен земјотрес регистриран во југоисточен Авганистан

Zemjotres.png
Dik 300x250 mk

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во југоисточниот дел на Авганистан.

Германскиот истражувачки центар за геолошки науки објави дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.


Во неделата Авганистан беше погоден од серија земјотреси, што однесоа повеќе од 2.200 животи, а повредија повеќе од 3.600 лица на истокот од земјата. Неколку десетици илјади луѓе останаа без покрив над главата.

Хуманитарните организации предупредуваат на дополнителна опасност за населението поради недостаток на основни потреби како што се храна, засолниште и лекови.

Територијата на Авганистан е подложен на земјотреси, особено во планинскиот венец Хиндукуш, каде што се среќаваат индиската и евроазиската тектонска плоча.

Можете да прочитате

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон