Нов силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Турција.
Земјотресот бил во близина на градот Караманмараш на длабочина од десет километри.
Претходно денес, земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Турција.
Земјотресите се случуваат во време кога се’ уште траат спасувачките операции и хуманитарната помош поради силните потреси од 7,9 и 7,7 степени што на 6 февруари ги погодија Турција и Сирија, а во кои животот го загубија над 40.000 лица.


