Утрински Весник
Спорт

Нов пораз на Е.Пелистер во Лигата на Шампионите

Screen Shot 2024 09 26 At 19.48.42 696x441 1.png

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го доживеаја и третиот пораз оваа сезона во Лигата на шампионите.

Битолчани уште еднаш немаа сили да дојдат до бод(ови), па од гостувањето кај Динамо Букурешт се враќаат со убедлив пораз од 34-25.

Неизвесно беше само во почетната фаза од мечот, односно до 5-5, а потоа Динамо со серија од 3-0 за одлепи на 8-5. Домашните во продолжение од првото полувреме само ја зголемуваа предноста, се до највисоките +6, односно 19-13 на паузата.

Второто полувреме започна слично како и што заврши првото, со доминација на Динамо и серија од 5-0 за високи 25-15. До крајот на мечот романците знаеја како да ја одржуваат оваа предност и да ја сочуваат победата, трета за нив во оваа сезона во Лигата на шампионите.

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски, беше најефикасен на мечот со девет гола.

Можете да прочитате

Пораз на стартот на Работнички во АБА 2 лигата

Дерик Роуз објави крај на кариерата

Теренот во Неготино суспендиран од страна на ФФМ