Утрински Весник
Свет

Нов пакет воена помош за Украина: САД обезбедија 400 милиони долари

Нов пакет воена помош за Украина: САД обезбедија 400 милиони долари

Соединетите Американски Држави и доставија на Украина нов пакет воена помош во вредност од 400 милиони долари, соопшти денеска Министерството за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Новата помош ќе вклучува беспилотни летала „Хорнет“, кои за првпат се испраќаат во Украина, муниција за противвоздушна одбрана, оклопни возила и противтенковско оружје, објави Ројтерс.

Пакетот се финансира како резултат на претседателско овластување, врз основа на кое може да се одобри испраќање воена опрема од американскиот арсенал без одобрение на Конгресот, пишува медиумот. Новиот пакет вклучува оружје што се повлекува од американските резерви.

Ова е 43-ти пакет американска воена помош за Украина, а од почетокот на руската инвазија, САД испорача оружје во вредност од над 43 милијарди долари на Киев.

Можете да прочитате

Тројца загинати во пожарите во Шпанија, масовни евакуации низ земјата

Путин пред самитот со Трамп: Во фокус Украина и контролата на стратешкото вооружување

Македонец и двајца Срби убиени во Боливија: Телата биле спакувани во црни ќеси