Утрински Весник
Спорт

Нов „кикс“ на Баерн, ама и Борусија Дортмунд не победи

Нов „кикс“ на Баерн, ама и Борусија Дортмунд не победи

Германскиот првак Баерн Минхен ремизираше 1:1 против Хофенхајм на домашен терен, а тоа не успеа да го искористи Борусија Дортмунд која исто така одигра нерешно 3:3 против Штутгарт на гости. Баварскиот клуб остана со два бода предност на врвот на табелата во Бундеслигата.

dobivaj vesti na viber

Бенјамин Павар во 17.минута донесе водство за Баерн Минхен, но израмни Андреј Крамариќ од слободен удар во 71.минута од дуелот.



Борусија Дортмунд имаше 0:2 против Штутгарт, дозволи домаќинот да израмни со фудбалер помалку, а Џовани Рејна во судиското продолжение донесе ново водство за „милионерите“. Сепак, Силас во 97.минута донесе и конечно реми (3:3) на овој дуел.

Лајпциг славеше против Аугсбург со 3:2, а Келн и Мајнц ремизираа 1:1.

 

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет