Утрински Весник
Македонија

Нов инцидент во автобус, од ЈСП велат бил поттикнат од политички тензии

ЈСП
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вечерва во автобусот на линија бр.7 на автобуската постојка кај комплексот Банки се случи уште еден инцидент, поттикнат од политички тензии, соопштија од ЈСП.

-Апелираме до политичките партии да ја смират својата реторика во предизборниот период, да делуваат одговорно и да не користат реторика која ги потпалува тензиите меѓу граѓаните по кој било основ. Истовремено, апелираме до МВР и техничкиот министер Панче Тошковски, кој е надлежен за спроведување на мирни, фер и демократски избори, да преземе одговорност и соодветни мерки за спречување на ваквата потпалувачка кампања која предизвикува нетрпеливост кај најмладите. Апелираме, МВР да ги засили своите контроли во возилата од јавниот превоз, како и на автобуските постојки, стои во соопштението.

За среќа, во овој настан нема тешко повредени, а причинета е само минимална материјална штета (скршен прозорец) на автобусот која ќе се покрие со осигурувањето на возилото.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари