Утрински Весник
Спорт

Нотингем и Борнмут испаднаа од ФА купот

Нотингем и Борнмут испаднаа од ФА купот

Нотингем Форест и Борнмут не успеаја да ја минат третата рунда во ФА купот. Блекпул и Барнли преку членовите на Премиер лигата се пласираа во наредната фаза. Во центарот на вниманието попладнево е неверојатниот триумф на Сандерленд.

dobivaj vesti na viber

Блекпул се бори за опстанок во Чемпионшип дивизијата, но сепак успеа да го декласура Нотингем Форес со 4.1.

Екпитета во 17. минута го постигна првиот гол, а во вториот дел триумфот го потврдија Поведа, Хамилтон и Џери Јејтс, со головите во 64., 71. и 87. минута, па голот на Рајан Јејтс во 90+2. дојде една минута предоцна.

Барнли е лидер во Чемпионшип, а добро му оди и во ФА Купот каде со по два гола на Бенсон и Зарури го елиминираше премиерлигашот Бурнмаут со 4:2.

Сандерленд на неверојатен начин го елиминира Швесбери на гости со победата 2:1, благодарение на головите на Стјуарт во 90+1. и О` Ниена во 90+4. минута.

За разлика од Нотингем Форест и Борнмут, проблеми немаа Фулам и Брајтон.

Фулам со 2:0 победи на гости кај Хал, а Брајтон како гостин го декласираше Модлзброу со 5.1. Два гола постигна Аргентинецот Мекалистер.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен

АО: Тиен со совлада Медведев за прво грен слем четвртфинале

Историска трка на 5.000 метри во брзо лизгање, новиот светски рекорд под шест минути