Утрински Весник
Свет

Норвешките научници тврдат: Најдовме докази дека браната кај Херсон била крената во воздух

Рускиот гувернер на Херсон: Украинците си наштетија себеси со уривањето на браната

Сè уште не е јасна причината за уништувањето на браната „Каховка“ кај Херсон, но се појавуваат нови докази за тоа како таа била оштетена.

dobivaj vesti na viber

Сеизмичките сигнали снимени во Буковина, Романија, 620 километри (372 милји) оддалечена од Нова Каховка, укажаа дека експлозијата се случила во 2.54 часот во вторникот, открија норвешките сеизмолози.

Научниците од Носар, норвешка сеизмолошка организација, велат дека времето и местото се совпаѓаат со уривањето на браната, пренесува Би-би-си, додавајќи дека само многу голема количина експлозив можела да произведе сигнал откриен на речиси 650 километри.

Од почетокот Украина ја обвини Русија за кревање на браната во воздух.

Тие велат дека сега имаат докази за да го поткрепат тоа обвинение, а нивната служба за безбедност тврди дека пресретнала телефонски разговор меѓу двајца мажи, кои зборувале руски, кои рекле дека пробивањето на браната е резултат на активностите на руската диверзантска група.

Москва, пак, негира дека е виновна. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тоа го нарече чин на саботажа, што ќе го остави полуостровот Крим, област анектирана од Русија во 2014 година, без вода.

 

Можете да прочитате

Во израелски напад на аеродром во Сана, за малку ќе загинел директорот на СЗО

Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан

Затворени аеродроми во Москва: Аларм во Русија, никој не знае што се случува