Утрински Весник
Спорт

Норвешка немоќна против Германија и 22. одбрани на Волф

20260124223449 big 730x400 77.webp.webp

Германија направи исчекор кон пласман во полуфиналето на Европското ракометно првенство, откако вчера во завршниот натпревар од второто коло на главната фаза во Групата 1 ја совлада Норвешка со 30-28 (15-17) предводена од феноменалниот голман Андреас Волф.

Со своите одбрани, 34-годишниот Волф ги доведуваше во очај норвешките ракометари, спречувајќи ги нивните шутеви од различни позиции. Германскиот голман одбрани 22 од вкупно 50 удари кон неговиот гол, додека на спротивната страна, двата норвешки чувари на мрежата имаа вкупно 14 одбрани (14/41).

Марко Гргиќ беше најдобар стрелец на Германија со седум голови, додека Јоханес Гола и Лукас Зербе постигнаа по пет.

Норвешките стрелци беа предводени од тројца играчи со по пет голови, Сандер Сагосен, Август Педерсен и Кевин Гуликсен.

По второто коло од втората фаза, Германија е на чело на табелата во Групата 1 со шест бодови. Франција и Данска имаат по четири, а Норвешка и Португалија по два бода. На последното место е Шпанија без бодови.

Во следното коло, кое е закажано за в понеделник, ќе играат Португалија – Норвешка (15:30 часот), Шпанија – Франција (18:00 часот) и Германија – Данска (20:30 часот).

Можете да прочитате

Ќерката на Родман стана најплатена фудбалерка во светот

Бранителот на Купот Вардар против Охрид во четвртфиналето

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите