Норвешка испрати специјализиран брод да го прегледа подморскиот гасовод до Германија поради безбедносни причини по сомневањата за саботажа.
Најголемиот снабдувач на гас во Европа – Норвешка, минатата недела го стави својот енергетски сектор во состојба на готовност, распоредувајќи ја својата морнарица и воздухопловните сили за патролирање на крајбрежните објекти и распоредувајќи војници во копнените капацитети за преработка на гас по експлозиите на Северен тек на 26 септември.
„Havila Subsea“, бродот за снабдување со нафта опремен со далечински подводни возила, беше распореден на 5 октомври за да го прегледа гасоводот Europipe II што тече од гасната постројка Каарстое во Норвешка до Дорнум во Германија, покажаа податоците за следење на бродот Refinitive.
Еквинор, која врши инспекции на гасоводот, во изјава испратена по е-пошта до „Ројтерс“, наведува дека „нивоата на безбедност за инсталациите и инфраструктурата на NCS (норвешкиот континентален гребен) се зголемени“ и дека се преземени мерки на претпазливост во однос на мрежата на гасоводот.
Извор од индустријата изјавил за „Ројтерс“ дека Норвешка ја проверува клучната инфраструктура за нафта и гас, вклучително и цевководи, за можни обиди за експлозиви или саботажа.
Германија, најголемата европска економија, во голема мера се потпираше на испораките на руски гас од Русија се додека снабдувањето не беше прекинато по руската инвазија на Украина.
Europipe II е долга 658 километри и има капацитет од 71 милион кубни метри гас дневно, што е околу една петтина од вкупниот извоз на гасоводот на Норвешка.