Утрински Весник
Магазин

Норман Ридус му се придружува на актерскиот тим на „Балерина“

Норман Ридус му се придружува на актерскиот тим на „Балерина“
Dik 300x250 mk

Претстојниот филм „Балерина“ го додава Норман Ридус од „Живи мртовци“ во растечкиот актерски тим на чело со Ана де Армас.

dobivaj vesti na viber

Филмот со Армас во главната улога моментно е во продукција, а ветераните од серијалот „Џон Вик“ – Јан Мекшејн, Анџелика Хјустон и Ленс Редик – се враќаат во тимот. Ќе им се придружи и Каталина Сандино Морено. Кијану Ривс наводно ќе има кусо појавување како Џон Вик.

Норман Ридус, лицето зад омилениот убиец на зомби од драмската серија „Живи мртовци“ (The Walking Dead), е избран да глуми покрај Армас – жената што бара одмазда.

Деталите за неговата улога остануваат во тајност, но приказната ќе се фокусира на ликот на Армас, Руни, жена убиец која бара одмазда за убиството на татко ѝ (за разлика од она што може да навести насловот).

Филмот е спиноф од „Џон Вик: Поглавје 3“, базиран на сцена во која Вик ја посетува балетската група што ја води шеф на криминален синдикат. Дејството се одвива помеѓу „Поглавје 3“ и „Поглавје 4“.

Снимањето веќе почна со Лен Вајсман на режисерското кормило.

Можете да прочитате

Ова е најомразениот знак во хороскопот – и тоа поради неколку особини

Два чаја кои e најдобро да се пијат наутро за детоксикација и полесно слабеење

Премногу витамини можат да убијат: Лекарите предупредуваат дека тие го оштетуваат срцето и црниот дроб