Утрински Весник
Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Крива Паланка – Деве Баир

коловоз 1

Од 17:40 часот денеска е нормализиран сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир, соопштија од АМСМ.

Претходно поради случена сообраќајна незгода од 15:35 часот во прекин беше сообраќајот во двата правци на патот Крива Паланка – Деве Баир.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, соопштија од ЈП Македонија пат.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи, се наведува во соопштението од ЈП Македонија пат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата