Утрински Весник
Македонија

Норлен – Џафери: Пристапувањето е придобивка за иднината, а не враќање во минатото

Норлен – Џафери: Пристапувањето е придобивка за иднината, а не враќање во минатото

Во рамки на Конференцијата за демократијата во Европа, која што се одржува во Стокхолм, Кралството Шведска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и делегацијата во состав Никола Мицевски, Соња Мираковска и Ремзи Мехмеди, остварија средба со претседателот на шведскиот парламент, Андреас Норлен.

dobivaj vesti na viber

Соговорниците се задржаа на тековните политички процеси во двете држави; на процесот на пристапување на Шведска во НАТО, на евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, гео-политичкиот контекст кој е резултат на не-испровоцираната агресија на Русија против Украина, како и билатералните односи, особено зајакнатата парламентарна соработка преку програмата за соработка меѓу двата Парламенти.

Претседателот Норлен, заблагодарувајќи се за учествотото на делегацијата од Собранието на високо ниво, истакна дека тоа е индикатор дека Република Северна Македонија е сериозно посветена на унапредувањето и зачувувањето на демократијата и владеењето на правото. Тој подвлече дека Шведска високо го вреднува тоа што Собранието беше меѓу првите Парламенти кои го ратификуваа протоколот за членство на Шведска во НАТО. Во однос на интеграциите во ЕУ, претседателот Норлен истакна: „Јас сум гласноговорник против билатерализација на процесите за пристапување во меѓународните односи, затоа што пристапувањето треба да се темели на степенот на исполнување на условите за членство, а не на враќање во минатото.“

Претседателот Џафери се осврна на тековните настани во Собранието, и се задржа на уставните измени кои треба да се усвојат. Потенцираше дека „Во моментов немаме консензус за измена на Уставот, но секојдневно правиме напори да најдеме консензус со опозицијата, заради идните генерации, а не заради политички статус.“

Во однос на билатералната парламентарна соработка, претседателот Џафери ја нагласи важноста на Програмата за парламентарна соработка со Шведскиот парламент, за која рече дека ќе продолжи и во иднина, и во тој контекст, упати покана до претседателот Норлен за официјална посета на Република Северна Македонија.

Можете да прочитате

Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста

Петрушевски: СДС се заплетка и призна дека го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени

Вистината за АНБ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?