Утрински Весник
Скопје

Ноќниот јавен превоз во Скопје од 31 јануари со нов начин на плаќање

Jsp Avtobusi Parkirani.jpg

Јавното сообраќајно претпријатие-СКОПЈЕ информира дека согласно Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници на територијата на град Скопје од 2015 год. (Член 10, алинеа 1) – билетите за бесплатно користење на јавен превоз, месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот.

Истите, како што велат, не важат за користење на ноќни линии.

„Воедно, Ве информираме дека почнувајќи од 31.01.26 (сабота на полноќ) / 01.02.26 (недела), нема да биде во функција плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака за користење на ноќните линии. Користењето на јавен превоз во ноќните линии од 00:00 до 05:00 часот важи со валидирање/купување на ноќен хартиен билет за едно возење кој чини 50 денари, исклучиво купен во возилото кај возачот и од електронски паричник преку валидаторот“, велат од ЈСП.

Можете да прочитате

Отворен Младинскиот хаб на Град Скопје – нов простор за идеи, учење и проекти на младите

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај

Град Скопје разреши и именува 117 членови на Управни одбори, СДСМ обвинува за нетранспарентност