Утрински Весник
Македонија

Ноќеска „Дрисла“ гореше, Ангелов тврди дека магла е!

Whatsapp image 2025 09 12 at 10.03.02.jpeg

Доцна ноќеска екипата на 24инфо беше во близина на депонијата „Дрисла“ кој со дрон направи снимки каде што избувна голем пожар кој за кратко време предизвика густи облаци чад што брзо се раширија над скопската котлина. Од повеќе делови на градот се забележуваат портокалови пламенови и силно светло кое продира од депонијата, додека чадот веќе навлезе кон урбаните населби.

Ова е уште еден во низата пожари на „Дрисла“ кои со години ја трујат скопската котлина и предизвикуваат вознемиреност меѓу граѓаните. Иако властите повеќепати најавуваа модернизација и заострување на контролата, депонијата останува извор на загадување и сериозен здравствен ризик.


Граѓаните се повикуваат да избегнуваат престој на отворено, да ги држат прозорците затворени и да користат заштитни маски. Чадењето од депонијата е се уште присутно, но во многу помал обем. Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, тоа не е причина за утринската магла што го прекри Скопје.

Можете да прочитате

Во затворската ќелија на Нино Васев биле најдени три мобилни телефони

Мицковски за пожарите во Дрисла фрли сомнеж врз ДУИ

ДОМ со поддршка за петицијата на О2: Стоп за ново јавно-приватно партнерство за Дрисла