Утрински Весник
Спорт

Ништо од Барселона, Бернардо го продолжи договорот со Сити

Ништо од Барселона, Бернардо го продолжи договорот со Сити

Еден од најважните играчи во историското успех на Манчестер сити минатата сезона, кога клубот ја освои тројната круна, Бернардо Силва реши да остане на „Етихад“.

dobivaj vesti na viber

На почетокот на летото се чинеше дека заминувањето на Португалецот е завршена работа. Наводно, португалскиот играч за врска сакал да се пресели во Барселона.

Сепак, шпанскиот шампион не успеа да го конкретизира тој трансфер и на крајот Силва реши да остане на „Етихад“. Тој потпиша договор на уште три години.

„Овде во Манчестер сити можам да продолжам да победувам. Го сакам клубот, менаџерот, моите соиграчи, навивачите. Среќен сум што можам да го продолжам мојот престој овде. Возбуден сум што ќе бидам дел од тим кој има толку глад и страст“, изјави Силва.

Можете да прочитате

Жељко Обрадовиќ си заминува од клупата на Партизан

Олимпискиот оган од античка Олимпија тргна кон Милано и Кортина за ЗОИ

Турски клуб тренира со само седум фудбалери по скандалот со обложување