Утрински Весник
Балкан

НИС престана со преработка на нфт

Nis naftna industrija srbije gasprom.jpg

Рафинеријата во Панчево го запре производството, а постројките влегоа во таканаречена топла циркулација – термин што означува кога одредена количина суровини циркулира низ системот за да се одржи системот функционален.

Според српски медиуми, Нафтена индустрија на Србија (НИС) практично остана без нафта за преработка, и не смее да преработува домашна нафта без да ја комбинира со соодветна увезена нафта, за да не ја оштети рафинеријата, која е наменета за одреден вид нафта – првично за руска нафта.

Почнувајќи од денеска, НИС ќе започне со ремонт на рафинеријата, што треба да трае до 15 декември. Причината за затворање на рафинеријата, сепак, не е ремонтот, наведуваат српските медиуми. Претседателот Александар Вучиќ неодамна го призна тоа на јавна седница на Владата на Србија, нагласувајќи дека нема да учествува во „лажењето на народот дека нашата Рафинерија се затвора заради реновирање“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека денеска во 11:00 часот ќе се обрати до јавноста, кога треба да објави решение за ситуацијата во која се најде НИС

Можете да прочитате

Додик: Каран победи и покрај обидите да се дестабилизира РС

Бугарија ја продолжува забраната за извоз на важни лекови

Земјоделците во Грција од следната недела почнуваат со блокади низ целата земја