Утрински Весник
Магазин

Нина од Нови Сад продава крофни на улица за да му помогне на својот болен татко

Нина од Нови Сад продава крофни на улица за да му помогне на својот болен татко

Нина Нинковиќ од Нови Сад го воодушеви регионот откако на социјалните мрежи се прошири веста дека ова вредно девојче продава крофни за да собере пари за лекување на својот болен татко.

dobivaj vesti na viber

Нејзината мајка и баба печат крофни, а таа ги продава за симболични 100 динари. Гестот брзо го препознале сите новосаѓани, пишува „Блиц“ и до тој степен што на мајка ѝ и баба ѝ сега им е потребна помош во подготовката бидејќи крофните се продаваат побрзо отколку што можат да ги направат. Им помагаат и соседите, но побарувачката е и понатаму огромна.

„Отпрвин сакав да продавам крофни за џепарлак. Но се сетив дека можам да му помогнам на татко ми да собере пари што е можно поскоро за неговите лекови. Затоа почнав да продавам за него,” вели малото девојче кое продаде 500 крофни во едно попладне кога луѓето слушнаа што прави.

Сограѓаните од Нови Сад се организираа да ѝ помогнат.

„Синоќа покренавме иницијатива на социјалните мрежи да контактираме со сите кои би можеле да се приклучат во правењето крофни, се со цел да се продаде што е можно повеќе, а со тоа и побрзо да се соберат пари за лекување на таткото на Нина. Можеме да кажеме дека одѕивот е задоволителен, а она што се надеваме е дека ќе се приклучат што повеќе волонтери“, изјави за „Блиц“ Стеван Бабиќ од новосадскиот тим Крени – промени.

Во 2016 година, таткото на Нина, Зоран, го загуби видот по аблација на ретината. Во март 2022 година повторно имало аблација, по што му беше дијагностицирана симпатичка офталмија и панувеитис, поради што неговиот живот е во опасност. Сега му треба помош за да оди на понатамошно лекување.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста