Утрински Весник
Македонија

Николовски во Аргумент плус: Запленетата дрога на граничниот премин Богородица на црниот пазар би чинела 7,7, илјади евра

440796447 482059247679882 3121019980356345441 N 690x550 1.jpg

Директорот на Царинска Управа, Бобан Николовски во Аргумент плус рече дека запленетата марихуана на граничниот премин Богородица на црниот пазар би чинела 7,7 илјади евра.

Според него, марихуаната била добро скриена и била откриена од страна на царинските службеници и службениоците од Бирото за јавна безбедност без ничија надворешна помош. Тој објасни и оваа пратка со марихуана била најголема во последните неколку години.


„Работевме за разбивање на меѓународен канал за марихуана. Транспортот одеше Косово, Македонија, Грција и Турција. Марихуаната била добро скриена, добро обработена. Најдена е во преполн камион во бали од рециклирана хартија и во четири од нив била одлично сокриена, пресувана насредина во балите. Дрогата е запленета, двајца се во притвор“, изјави Николовски.

Тој објасни дека работат и на нови информации кои во скоро време може да изненандат со позитивни резултати.

„Наша работа е да работиме. Наркокартелите добро е да знаат дека Царинската Управа и полициските служби не седат мирни по основ на ова прашање. Можам да кажам дека имаме информации кои ги анализараме имаме стигнато до одредени позиции и за одредено време нема да биде изненадување ако излеземе со позитивни резултати“, рече Николовски.

Целиот текст прочитајте го на ТВ24 со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Македонски наркобос уапсен на аеродромот во Женева и екстрадиран во Австрија

Груевски за случајот Фросина: Само повеќе полиција на улиците

Отровно растение од Тексас почна да се размножува во Тиквешијата – Ако го видите, не го допирајте – веднаш пријавете!