Утрински Весник
Економија

Николовски: Владините кошнички не даваат резултат, да се укине ДДВ за храна

Nikolovski1.jpg
Dik 300x250 mk

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати апел до Владата да го прифати предлогот на СДСМ, ДДВ за основните прехранбени производи, да се укине, односно да се намали од 5 на 0%.


Владините политики со кошнички за наводно пониски цени на основните прехранбени производи, дожевеаја дебакл. Тоа и вие го признавте, иако вината се обидовте да ја префлите на трговците сакајќи да побегнете од одговорноста затоа што вие им го овозможивте тоа, да профитираат на грбот на народот. Наместо пониски цени, граѓаните сега пред новогодишните празници се соочија со повиски цени, нагласи Николовски.

Николовски нагласи дека минималната кошничка само за храна покажа зголемување за 390 денари.

Цените за храна не биле намалени. Политиките за кошничка не дадоа резултат. Апелираме да се приофати предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за храната. Нека биде на предлог на владата но да се донсесе во интесес на граѓаните, истакна пратеникот на СДСМ, Николовски.

Можете да прочитате

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност

ФИЛИП НИКОЛОСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ”: „РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ЕФИКАСНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ДРЖАВАТА”

Цената на златото во октомври достигна историски рекорд од 4.380 долари за унца