
На синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува”, директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, истакна дека неефикасноста била една од најголемите проблеми во раководењето на институцијата.
„Затекнавме неефикасност, затекнавме апатија, затекнавме институција која што функционирала по „дифолт”, онака како водата да тече, а браната, течението на реката никој не ја контролира и водата прави повеќе штета отколку бенефит на граѓаните на Република Македонија. Што сакам да кажам. Буџетот не се полнел онолку колку што треба да се полни, одредени позиции претпоставуваме дека се злоупотребувале, односно користеле повеќе за лични или партиски интереси, отколку за интересите на државата “, истакна Николовски.
Николовски изнесе факти дека разликата помеѓу новото раководство на Царина и старото е огромна, и тоа не само во финансискиот дел.
„Само во месец јули, кога доаѓаме на 01.07 како ново раководство, наплативме рекордни близу 12 милијарди денари или 16,6% повеќе од минатата година истиот период, што претставува историска наплата во приходи во еден месец од формирањето на царинската управа во Република Македонија”, констатираше Николовски.
Директорот на Царина, додаде дека биле разбиени шеми, преку кои се избегнувале наплаќања на царинските услуги.
„35 половни моторни возила се одземени, пронајдени и одземени, вредност нивна 20 милиони денари, 9 милиони денари давачки во Република Македонија избегнати во Буџетот и уиграна шема, шпедиции, царински службеници, автоплацеви и увозниците, односно транспортери на возилата кои што од запад ги носеле тука”, заклучи Николовски.